Вчера во велешката полиција 60-годишен жител на општина Чашка од пријавил дека бил измамен од едно лице.
Текстот продолжува под рекламата
На 10.01.2023 во 15.30 часот во Полициската станица Велес, 60-годишен жител на општина Чашка пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.500 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило и му побарало услуга, а требало да се договорат во Скопје, каде што лицето имало магацин. Според пријавеното, лицето побарало од него, при доаѓање во Скопје, да се сретне со друго лице и да му даде 18.500 денари, кои ќе му ги врател кога ќе се сретнат“, информираа од СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
Како што е пријавено, откако ги дал парите и пристигнал во Скопје повеќе пати се обидел да стапи во контакт со лицето, но не му било одговорено на повиците, по што сфатил дека бил измамен. Се
работи на расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: