Реклама

Ранет полицаец при бегство на затвореник

zatvor Idrizovo

Припадник на затворската полиција е ранет, а затвореник во „Идризово“ е во бегство. Ова е резултат на грабнувањето кое се случило во текот на ноќта, при спровод на затвореникот со висок безбедносен ризик од затворот до болница. 

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Акцијата за бегство била планирана. На тоа укажува фактот што вооружените лица точно знаеле кога ранетиот затвореник ќе биде спроведен во болница, го знаеле возилото, а иако не потврдено, веројатно имале и дополнителни информации како што се бројот на полицајци кои ќе го носат затвореникот на лекување и трасата на движење. Затвореникот неофицијално, сам си нанел рана, поради која барал лекување. Непознато и нејасно е дали била повикана Брза помош или тој директно бил транспортиран.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

За настанот уште се чека на официјална потврда од  Управата за санкции. Од добро упатени извори се дознава дека станува збор за затвореник М.Б. од Тетово кој издржувал долгогодишна казна за убиство во затворот во Идризово.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/35430/dali-borecz-ke-prodolzhi-proletva-da-igra-vo-vtorata-ligata/