Приведени две лица Скопје, пронајдени оружје и муниција

lovecka-puska
lovecka-puska

Двајца жители на Скопје се приведени во село Богомила откако при преглед на нивното возило било пронајдено оружје за кое немале соодветна дозвола.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 12.01.2023 во с.Богомила, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.Ј.(65) и Т.Б.(50) од Скопје. При преглед на возило „опел фронтера“ со скопски регистарски ознаки кај С.Ј. биле пронајдени и одземени една ловечка пушка ИЖ калибар 16GA и 14 куршуми за неа, додека кај Т.Б. биле пронајдени и одземени еден ловечки карабин „Црвена застава“ калибар 8,57 и 15 куршуми за него“, информираа од СВР Велес.

Agria

Текстот продолжува под рекламата

Тие биле приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: