49-годишен велешанец е уапсен за продажба на анфетамин, а откако ги забележал полицајците голтнал две пакувања од дрогата.
На 13.01.2023 во 18.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.М.(49), Д.Ѓ.(33) и М.Т.(25), сите од Велес. Во близина на угостителски објект на Автобуската станица во Велес, полициски службеници службеници го затекнале Т.М. при продажба на амфетамин на Д.Ѓ. и М.Т., а подоцна во угостителскиот објект, откако ги забележал полициските службеници, Т.М. голтнал две пакувања со амфетамин, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: