Велешките сообраќајци под мотото „И јас и ти сме пешаци“, вчера преку кампања се обидоа да ја подигнат свеста кај возачите. На повеќе локации низ градот велешката полиција делеше превентивно едукативен материјал. Досега за подигнување на сообраќајната култура реализирани се неколку превентивни активности како што се „Стави појас додека возиш“, „Алкохолот и воланот се лоша комбинација“,Не користи мобилен додека возиш“.
„Цела на активноста е подигнувањето на ниво сообраќајната култура кај учесниците, како кај возачите така и кај пешаците. Тоа треба да резултира со намалување на бројот на жртвите во сообраќајни незгоди“ – кажа Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
Самарџиев додаде дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период. Тој упати апел сите учесници во сообраќајот достојно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, и да не ги ризикуваат ризиците во сообраќајот, со што така ќе се грижиме за нашите деца и за нашата иднина.
Можеби ќе ве интересира: