Ракометни судии се сомничат за местење натпревари, меѓу нив и една судиска двојка од земјава

rakometarska topka
rakometarska topka

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов е обвинета за местење натпревари во периодот од септември 2016 до ноември 2017 година.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Начевски и Николов се ставени во групата на осум судиски двојки кои во овој период земела учество во мечеви кои според „Спортрадар“ се многу сомнителни. Според „ТВ2“ кој го пренесува извештајот на „Спортрадар“ кој бил подготвен во 2018 година се работи за вкупно 26 натпревари од највисоко ниво, ЛШ, репрезентативни дуели за кои постојат знаци дека се наместени.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Кога се во прашање Ѓорѓи и Славе тие ја делеле правдата на два од овие 26 мечеви за кои постои сомнеж дека се наместени. За Начевски има и потешки обвинувања дека е поврзан со криминални организации и лица со историја на местење натпревари.

-Интелигенциските и истражувачки служби детекгирале дека судијата Ѓорѓи Начевски има неклку конекции со групи за организиран криминал, -стои во извештајот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: