Камион со приколка удрило во електричен столб на влезот од село Долно Каласлари при што настанал спој во трафостаницата оставајќи ги без електрична енергија неколку околни куќи во селотo. По незгодата возачот побегнал од местото на настанот.
Текстот продолжува под рекламата
„На ден 14.01.2023 година околу 18.00 часот на влез во С.Долно Каласлари-Велес, се случила сообракајна незгода во која НН лице управувајки ТМВ со прикачено приклучно возило непозната марка и рег.број, удрило во електричен столб (дрвена бандера) раставувач за Трафостаница Ајдар, сопственост на ЕВН, при што дошло до спој во трафостаницата поради што без електрична енергија останале неколку околни куќи, како и клучката на делницата од автопатот С.Долно Каласлари. По
незгодата возачот го напуштил лице местото“, информираа од СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
Од незгодата е причинета материјална штета која дополнително ке биде утврдена. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: