Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Ковачевски најави смена на директорот на Управата за извршување на санкции

kovacevski
kovacevski

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не е задоволен од работата на Марјан Спасовски, директорот на Управата за извршување на санкции при Министерството за правда. Тој најави дека Спасовски ќе биде сменет од функцијата.

Zito akcija 640x289px

„Веќе отпочнав процес на селекција на нов директор на Управата за извршување на санкции“, истакна Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.

Agria

Ова доаѓа откако тројца затворски полицајци и нивниот командир се осомничени дека му помогнале на затвореникот Беким Мемети да избега од затворот „Идризово“.

Мемети, кој бил во затвор за убиство и шверц на дрога, побегна ноќта меѓу четвртокот и петокот додека затворските службеници од КПУ „Идризово“ по автопат го возеле до комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Владата во ноември 2020 година во рамки на 19-тата седница ја прифати оставката Спасовски и го разреши од должноста директор на затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка на негово барање, а го именува за в.д. директор на Управа за извршување на санкции.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: