понеделник, 8 јули, 2024
Реклама

Тешко повреден возачот на автомобилот во кој утрово удри воз

voz-naslovna

Возачот на автомобилот во кој утрово удри воз кај железничкиот премин во близина на Порцеланка се сдобил со тешки телесни повреди и е префрлен во велешката болница, соопшти велешката полиција.

Zito akcija 640x289px

„На 24.04.2020 година околу 06.40 часот на патниот премин кој се наоѓа кај влезот на Фабриката за порцелан  во Велес, товарниот воз кој сообраќа на линијата Велес – Прилеп удрил во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(19) од с.Согле, општина Чашка.  Возачот со тешки телесни повреди е пренесен во Болницата во Велес. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од СВР Велес.

Agria