Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јануари се бележи денеска на реката Вардар во Велес, потоа кај Јегуновце, кај Скопје, и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Струмица кај Сушево, како и на Бабуна кај Богомила.
Содржината продолжува под рекламата
Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека намалени водостои има на Крива река кај Крива Паланка, Црна Река кај Новаци и на Црн Дрим кај Ложани.
Содржината продолжува под рекламата
Водостоите на Охридското, Препанското Дојранското Езеро според денешните мерења, се во рамки на просекот.
Можеби ќе ве интересира: