Реклама

Во Арачиново и Трубарево запленета поголема количина на дрога и екстази

Полицијата заплени поголеми количини на дрога и екстази. Во Арачиново околу 2 килограми, а во Трубарево речиси 2.000 илјади таблети екстази.

Zito akcija 640x289px

БЈБ во првиот случај со судска наредба извршила претрес во куќа каде живеел 30-годишно момче, каде што биле најдени 33 кеси каде имало хероин.

Agria

“Според првичната проценка запленети се околу 2,2 килограми хероин, но точната количина ќе биде позната по извршената анализа и мерење, по што ќе биде поднесена и соодветна пријава до јавното обвинитеслтво”, велат од МВР.

Другата количина на екстази беше запленета утрово околу 10 часот во село Трубарево, кога полицијата забележала две лица како бегаат со автомобил. Но, удриле во вагон од воз кој во тој момент се движел

“Лицето кое било на совозачкото место се дало во бегство, а шоферот додека додека излегувал од автомобилот по несреќата фрлил една кеса едно пакување со 112 таблети, една кеса со 1.000 илјада таблети, една кеса со 750 таблети, 80 грама амфетамин, и пет грама сива кристална материја” се вели во соопштението на МВР.

И за овој случај МВР најавува кривични до обвинителството.