Реклама

За ФК Борец најмногу пари од ваучерот, ракометниот и боречкиот клуб не се најдоа на листата

Borec Lokomotiva prijatelska

Петта година по ред средината на февруари ја носи листата која со нетрпение се очекува во буквално сите федерации, клубови и индивидуални спортисти, а на која се истакнати сумите кои тие ќе ги добијат од државата во вид на спортски ваучер, кој потоа самите ќе треба да ги материјализираат во соработка со компаниите во државата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Од велешките клубови, Фудбалскиот клуб Борец доби ваучер во вредност од 3.3 милиони денари. ЖФК Борец доби 550 000 денари, КМФ Кеги Моби 200 000, додека третолигашот Превалец 240 000 денари.

Содржината продолжува под рекламата

Agria
Odbojka Borec

Одбојкарскиот клуб Борец доби ваучер од 2,3 милиони денари, додека Борец Баскет доби 1.2 милиони денари, РК Бисинов Вардар доби само 150 000 денари. И други клубови добија ваучери од АМС како што се кајакарските клубови, па така КК Вардар добива 650 000 денари, КК Бабуна 580 000 денари, КК Гемиџии 903 добија ваучер во вредност од 380 000 денари, КК Арка 360 000 денари и КК Вила Зора 280 000.

Boraci Borec turnir Negotino

За одбележување е фактот што МРК Борец и оваа година извиси и не доби вредносен ваучер, како и Боречкиот клуб Борец, кој во своите редови имаше и репрезентативец на Македонија.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36122/trendafilov-so-osmani-ke-gi-relaksirame-odnosite-megu-sofija-i-skopje/