Велешките пожарникари Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Адилов и Роберто Шакиров, вчера се вратија од Турција, каде заедно со другите спасувачки екипи работеа на пронаоѓање и спасување на евентуално преживеани луѓе и извлекување на жртвите, после катастрофалниот земјотрес што се случи минатиот понеделник.
Содржината продолжува под рекламата
Тие беа една седмица во Турција, со едно возило и потребна опрема за заштита и спасување соочувајќи се со тешки состојби во разрушените места од земјотресот.
Содржината продолжува под рекламата
Градоначалникот на Велес, Марко Колев, кој денес ја пречека спасувачката екипа во својот кабинет, заблагодарувајќи им се за нивната хуманост и пожртвуваност, рече дека тие за храброста и пожртвуваноста и достојното претставување на Општината, ќе бидат наградени согласно можностите.
Можеби ќе ве интересира: