Промовирана книгата „Во светот на научната фантастика“ од Љубомир Михајловски

Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше промовирана книгата „Во светот на научната фантастика“ од Љубомир Михајловски. Ова е прво дело од областа на теоријата и историјата на научната фантастика.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Промотор беше авторот Костов Миле кој што за книгата потенцираше дека содржи значајни податоци за истријата на научната фантастика во светот и во рамките на нашата држава. Смета дека оваа област е опширна и недоволно истражена.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Не можам да го искажам моето воодушевување од книгава, во која Љубомир прецизно, концизно, и на интересен начин ја презентирал научната фантастика како дел од животот. Дава преглед на историјатот, развојот и медиумите на изразување на ова творештво од најраниот период, па до денес, опфаќајќи го светското и македонското творештво“, рече промоторот на книгата Миле Костов.

Самиот автор истакна дека полето на научната фантастика треба повеќе да допре кај сите млади.Во книгата е детално обработена темата за фантастиката во сите области-музика, филм, литература,стрип…

„Научната фантастика не е бегство од реалноста. Напротив, мораме да ја согледаме реалноста онаква кава што е, без оглед на тоа колку е можеби непријатна, за да ја смениме. Научната фантастика ни дава насока кон она што треба да се стремиме, кон една идеална сцена, или не предупредува што да избегнуваме„, изјави авторот на книгата Љубомир Михајловски.

Покрај тоа што ова дело е напишано на македонски јазик, авторот рече дека има голема заинтересираност книгата да биде отпечатена и на англиски јазик.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36152/veleshkite-pozharnikari-koi-bea-vo-turczija-se-vratija-vo-veles/