Реклама

(ВИДЕО) Инспекторите откриле неправилности во работењето на Центарот за јавно здравје Велес, директорот негира

CJZ Veles 1
Центар за јавно здравје – Велес

Низа неправилност во работењето на Центарот за јавно здравје во Велес констатирал државниот санитарен и здравствен инспекторат, при неодамнешниот вонреден инспекциски надзор, кој го направил во оваа институција. Ова на вчерашната прес конференција го кажа директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Иринка Сотирова Бухова. Сите брисеви за евентуално сомнителни лица од Ковид-19 се вршени без епидемиолошка анкета, евиденцијата е водена неправилно, раководителот и вработените не носеле заштитна опрема, се ослободувале од работа здравствени работници без никаков основ, не се почитувале алгоритмите за земање на материјали за молекуларна дијагностика. Во велешкиот Центар за јавно здравје има тројца позитивни на коронавирус, а деветмина се во самоизолација.

Zito akcija 640x289px

По низа неуспешни телефонски јавувања кон директорот на Центарот за јавно здравје од Велес Тони Димитриевски овие денови, затоа што линијата е постојано зафатена, вчера новинарот на ТВ24 успеал да го добие, откако го побарал од друг телефонски број. Дали директорот го блокирал телефонскиот број од кој протходно новинарот стапувал во контакт со него, тој не даде конкретен одговор.

Agria
Toni Dimitrievski CJZ Veles
Тони Димитриевски – директор на Центар за јавно здравје Велес

На прашањето дали чувствува одговорност за неправилностите во институцијата која ја води, а кои ги посочи директорката на Државниот санитарен и здравствен испекторат, Димитриевски одговори дека сеуште не го добил записникот од инспекцискиот надзор. Тој демантираше дел од констатираните прекршоци. Рече дека не е точно дека не носеле заштитна опрема и дека не е точно дека екипа на Центарот за јавно здравје од Велес излегла на увид во маркетот Кит Го и тоа на инсистирање на инспекторатот.

Димитриевски вели дека кој работи и греши и не ја исклучи можноста епидемиолозите од Центарот да направиле грешки, кои, како што истакна, не влијаеле на здравјето на граѓаните. Директорот Димитриевски исто така рече дека одговорност би чувствувал доколку евентуалните констатирани неправилности не се исправат, но сега таква одговорност не чувствувал. Во телефонскиот разговор, тој постојано велеше дека бараме проблеми таму каде што ги нема, објавува Телевизија 24.

Во меѓувреме пунктот на ЦЈЗ Велес за земање брисеви функционира и закажувањето е преку матичните лекари, рече директорката на инспекторатот Бухова. Откако 12 вработени од Центарот се во изолација, направен е нов распоред на кадар, за да може Центарот нормално да функционира.