Реклама

Драма во Велес, Македонија Ѓорче Петров со гол во последните секунди го совлада Бисинов Фруит Ленд

Продолжија возбудувањата во Првата ракометна лига. Ракометарите на Бисинов Фруит Ленд загубија минимално на домашен терен од екипата на Македонија Ѓорче Петров со резултат 28:27.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Гостите од Скопје го имаа водството уште од стартот на натпреварот, а на полувреме заминаа со предност од три погодоци. Сепак велешани преку Ристовски и Иванов не дозволува гостите да се одлепат. На три минути пред крајот Бисинов Фруит Ленд израмни на 26:26, а имаа бод во раце на 20 секунди пред крајот. Сепак неискуството си го стори своето па гостите од пенал ги однесоа бодовите од Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Најефикасни во домашниот состав беа Ристовски со 10 и Иванов со осум постигнати погодоци, додека кај гостите Мартин Димовски со девет и Кристијан Стојановски со пет погодоци.

По 13 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Бисинов Фруит Ленд се наоѓа на деветата последна позиција со освоени седум бода. Следниот натпревар ќе го одиграат со Мулти Есенс кој е лидер на табелата без ниту еден пораз.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36419/kontinuirana-megunarodna-sorabotka-na-makedonskiot-strip-czentar/