Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари

LEB VO MARKET
LEB VO MARKET

Владата на денешната седница ја укина субвенцијата за струја на пекарниците и ја замрзна цената на лебот на 33 денари. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека одлуките ги носат за да не дозволат едни да плаќаат други да се богатат оти и покрај субвенцијата за струја, само некои ги намалиле цените.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Ковачевски истакна дека оваа одлука ќе важи до 31 мај 2023 година. Антикризните мерки не ги донесовме за едни да бидат поповластени од други. Тие не беа донесени за да удрат по џебот на граѓаните, додаде меѓу другото премиерот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Пекарниците вчера се заканија дека ќе престанат да произведуваат леб и да го носат на пазарот ден откако ќе биде објавена во „Службен весник“ одлуката за замрзнување на цената на лебот. Пекарско-мелничарската индустрија смета замрзнувањето на цената на 33 денари неминовно води кон затворање на компаниите оти сите веќе бележат загуби или се на нула.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: