Денеска во Велес, во рамките од 19 коло од Втората македонска фудбалска лига, домашната екипа на Борец забележа пораз од тимот Вардар Скопје и тоа со 0:3.
Натпреварот беше решен во првото полувреме кога гостите преку Жоглев во 29 минута го совлада домашниот голман, а потоа и го зголемат водството преку Јусуфи во 40 минута. Конечниот резултат го постигна Жоглев со неговиот втор гол на нтпреварот во 72 минута.
Содржината продолжува под рекламата
И по ова коло Борец останува закован на последната позиција на табелата со само еден освоен бод. Во следното коло во сабота велешани гостуваат во Гевгелија кај екипата на Кожуф
Можеби ќе ве интересира: