Денеска почнува лекувањето со „трикафта“ за осуммина пациенти, има пари да се обезбеди лекот за уште четворица

Apteka lekovi
Apteka lekovi

Клиниката за детски болести денеска ќе почне да им го дава лекот „трикафта“ на пациентите со цистична фиброза за кои е утврдено дека се во најкритична состојба. Директорката на Клиниката за детски болести, Стојка Нацева-Фуштиќ, вели дека вчера лекот стигнал кај нив.

Zito akcija 640x289px

„Од утрово (вчера) веќе ги примаме пациентите што треба да почнат со терапија. На Клиниката примаме околу шестмина пациенти, а двајца ќе се водат на Клиниката за пулмологија. Очекуваме да почнеме со терапија овие денови, кај некои од утре. Очекуваме позитивен ефект од терапијата во однос на подобрување на белодробната функција, квалитетот на исхрана, на квалитетот на живот,  на нутритивниот статус, намалена зачестеност на хоспитализаци и поактивен живот на пациентите. Двајца од пациентите се во навистина критична состојба, тие ќе се лекуваат на Клиниката за пулмологија. Ефектот од терапијата е неизвесен, но ќе се обидеме да им ја подобриме состојбата со белодробната болест“, рече директорката Нацева-Фуштиќ.

Agria

Од осумтемина пациенти за кои терапијата веќе е пристигната, седуммина се возрасни, над 18 години, и едно е дете. Директорката најави дека ќе направат напор многу бргу да се обезбеди терапија за уште четворица пациенти оти со пониската цена им останале пари од сегашната набавка.

„Добивме пониска цена од предвидената. Дадовме барање до Фондот за здравство дополнително да бидат вклучени уште четворица пациенти“, рече директорката Нацева-Фуштиќ.

За сите пациенти е обезбедена терапија за цела година. Пациентите ќе добиваат таблети еднаш месечно и нема да се обврзани да останат во болница. Терапијата вклучува земање две таблети наутро и една навечер.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, рече дека заедно со премиерот работат на изнаоѓање решенија за лекување и на другите со дијагноза цистична фиброза.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: