Кеги Моби ја забележа својата седма победа во сезоната од Првата футсал лига на Македонија, откако на домашен терен со 5:2 го совлада Јувентус Серава.
Гостите први поведоа со голот на Алијевиќ во шестата минута, но Пановски со двата гола донесе предност за велешани. Махмуд Керим во 27 минута ги врати надежите на гостите дека ќе заминат од Велес непоразени.
Содржината продолжува под рекламата
Николовски и Левков во 31 и 34 минута донесоа ново водство за Кеги Моби. Гостите тргна на се или ништо а тоа го искористи Николовски кој со вториот погодок во 40 минута ја потврди победата за велешани.
По 16 одиграни кола Кеги Моби се наоѓа на четвртата позиција со освоени 24 бода. Во следното коло Кеги Моби гостува кај аспирантот за титулата КМФ Проект.
Можеби ќе ве интересаира: