Раководителот на Секторот за истражување и развој во БРАКО, Никола Маркоски, единствен од Северна Македонија и регионот учествуваше на Конференцијата за електрични и батериски системи за непатнички возила и машини, која што се одржа во Дизелдорф.
Маркоски ги запозна присутните со предизвиците со кои се соочи тимот на БРАКО при преминот од електрично возило кон возило на водород, како и иновативните инженерски и технички решенија кои беа изнајдени во процесот .
Содржината продолжува под рекламата
Возилото на БРАКО за одржување хигиена во урбани средини на погон на водород е целосно развиено во БРАКО и единствено такво возило во светот, така што искуството при неговото развивање наиде на интерес кај стручниот форум на конференцијата во Германија.
На конференцијата беше посветено посебно внимание и на новите начини за рециклирање на батериските системи од електричните возила. За разлика од нив, возилата на водород не оставаат електронски отпад, односно загадувањето и потребата од рециклирање кај нив е нула.
Никола Маркоски е магистер по применета физика, кој своето образование го стекнал на светски познатите универзитети во Москва и Минхен, а во БРАКО раководи со тим од дванаесет инженери задолжени за истражување и развој во компанијата, која произведува широка палета, вклучително и високотехнолошки производи.
Можеби ќе ве интересаира: