Реклама

(ВИДЕО) Одбележани 117 години од саможртвата на Гемиџиите

Gemidzii

Денеска се навршија 117 години од саможртвата на Гемиџиите кои во периодот од 28 април до 1 мај 1903 година, со серија бомбашки напади во Солун, се обидоа да го свртат вниманието на Европа кон македонското прашање.

Zito akcija 640x289px

По овој повод, делагации на Општина Велес, но и на политички партии го одбележија овој историски настан. Актуелната ситуација со Ковид 19 не дозволи тоа да се случи со поголемо присуство на претставници на институциите, организациите и граѓаните. Во името на сите граѓани на Велес, делегација на Општина Велес  предводена од градоначалникот Аце Коцевски и претставници на Советот на Општина Велес положија цвеќе пред паметникот на Гемиџиите, на кејот на Вардар.

Agria

„Го изградивме, во 2003 година, монументалниот споменик, Нов Мост во Велес го нарековме според нивното име „Мост Гемиџии“, спортската сала го носи името „Гемиџии“ и се обидуваме на различни начини да им оддадеме должна почит во име на минатите, сегашните и идните генерации на нивниот роден град. Денес сме тука за да оддадеме должна почит во име на сегашните генерации на Општина Велес, кои се едни од најзначајните личности во историјата на Велес и на нашата земја, за да го одбележиме големиот настан, кога тие храбро, сакајќи да го привлечат вниманието на европската јавност која била неправедна кон Македонија и кон Македонците, ги жртвуваа своите млади животи. Сите знаеме дека од саможртвата на сопствениот живот нема ништо поголемо, што може еден револуционер или патриот да го даде за слободата на својата земја, на својот народ. Поради тоа, со должно внимание се однесуваме кон големото дело на Гемиџиите, кои воглавно биле велешани со исклучок на Павел Шатев по потекло од Кратово и еден од Охрид“, рече градоначалникот Коцевски.

Цвеќе на споменикот на Гемиџиите положи и делегација на ОО на ВМРО ДПМНЕ Велес, а дел од членовите на оваа партија го посетија и гробот на гемиџијата Милан Арсов.