Од ноќеска на полноќ за два денари поевтинува моторниот бензин еуросупер БС-98, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Освен бензинот, за два и пол денари ќе се намали цената на екстра лесното масло за домаќинство.
Содржината продолжува под рекламата
Според одлуката на Регулаторната комисија, литар еуросупер БС-98 ќе се продава за 83,5 денари, а екстра лесното маслото за домаќинство ќе се продава по 74 денари за литар.
Содржината продолжува под рекламата
Бензинот еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 81,5 денари за литар, а литар еуродизел ќе чини 75,5 денари. Килограм мазут и натаму ќе се продава за 39,779 денари.
Можеби ќе ве интересира: