(ФОТО) Велешките пензионерки учествуваа на манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип

Пензионерки и вредни домаќинки од повеќе општини во земјава, меѓу кои и од Велес, но и од соседството, денес во Пробиштип ги покажаа своите вештини и начинот како се прави еден зелник во нивните родни краеви.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Дека навистина се работи за гурмански специјалитети покажа и побарувачката, па за многу кратко време зелниците беа распродадени. Целото случување е проследена со богата културно уметничка програма со познати естрадни уметници, па така сите присутни освен добра храна имаат и одлична забава.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Ваквата манифестација е единствена и оригинална во цела држава, а гости имаше и од Република Бугарија. Пробиштип денеска беше посетено од четири до пет илјади луѓе кои беа дел од десеттото издание на „Зелникот на баба“.

Фотографиите ги добивме од нашиот верен читател Орце Несторов.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37010/donald-tramp-ochekuva-da-bide-uapsen-vo-vtornik/