Кошаркарите на Борец Баскет високо се поразени на гостински терен од екипата на МЗТ Скопје Уни Банка со резултат 89:51, и со тоа ги намалија шансите за пласман во плеј офот. На три кола пред крајот на регуларниот дел велешани се наоѓаат на 10 позиција со две победи застанување за местото кое води во плеј офот.
Содржината продолжува под рекламата
Борец Баскет беше подобар противник само на отварање на натпреварот имајќиводство од 7:2, но од тој момент домаќините заиграа подобро и првата четвртина ја добија со 24:17. Веќе на полувреме домаќините имаа предност од плус 23, 52:29.
Содржината продолжува под рекламата
Лошата игра продолжи и во третата четвртина во која Борец Баскет постигнаа само шест коша за 72:35. Последната четвртина беше рутинска за конечни 89:51. Во следното коло во Велес гостува второпласираната екипа на Соколи 1933.
Можеби ќе ве интересира: