Штипскиот градоначалник Иван Јорданов добивал закани, вчера му биле распрарчени гумите на неговото возило

gradonacalnik na Stip Ivan Jordanov
gradonacalnik na Stip Ivan Jordanov

Вчеравечер, еден и пол час пред полноќ, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, пријавил дека континуирано во неколку наврати добивал закани. Ова траело со месеци, а вчера затекнал и како гумите од неговото возило биле распарчени. Тој пријавил дека делото го сторил вработен во Општината.

Zito akcija 640x289px

„Градоначалникот на општина Штип пријавил дека Ј. М. од Штип, вработен во Општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, гумите на службеното возило што го користел градоначалникот од страна на Ј. М. биле исечени“, велат од МВР.

Agria

Се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: