На предвремените парламентарни избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, за гласање се пријавиле само 169 лица од Северна Македонија. Бројката ја објави бугарското Министерство за надворешни работи, при што најмногу пријавени имало во Кавадарци 42, Прилеп 41 и Тетово 40.
Содржината продолжува под рекламата
Инаку, според резултатите од последниот попис на населението во Македонија, во 2021 година, како Бугари се имаат изјаснето 3.504 лица.
Содржината продолжува под рекламата
Инаку, бугарската Централна изборна комисија соопшти дека вкупно се пријавиле 47.389 лица кои ќе можат да гласаат во амбасадите и конзулатите на Бугарија во странство. Најголем број пријавени има во Турција – 28.286, Велика Британија – 3.343 и Германија 3.289.
Најавените избори ќе бидат петти по ред парламентарни избори во две години, откако по последните избори ниту една пратеничка листа не успеа да формира влада.
Можеби ќе ве интересира: