Велешанец измамен за набавка на огревно дрво

Ogrevno drvo
Ogrevno drvo

Седмдесет годишен  маж од Велес бил жртва на измама за набавка на огревно дрво. Парите ги дал, но  дрвуата не стигнале во неговиот дом.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 22.03.2023 во СВР Велес, 70-годишен велешанец пријавил дека на 12.03.2023 бил измамен од едно лице за сума од 5.000 денари. Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва по цена од 3.500 денари за кубен метар и му побарало капар од 5.000 денари, кои тој му ги дал, а дрвата се уште не му биле донесени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ соопштија од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

СВР Велес упатува апел до граѓаните, особено до повозрасните лица, да бидат претпазливи во комуникација со непознати лица, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, во овој период претежно дрва за огрев, да ги проверуваат податоците пред да станат жртва на измамата, да не даваат пари на изманиците и сите сомнителни случаи да ги пријавуваат во полиција.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: