Со поместување еден час нанапред во недела рано наутро започнува летното сметање на времето кое ќе трае до 29 октомври.
Содржината продолжува под рекламата
Летното сметање на времето започнува во последната недела во март со поместување еден час нанапред, па времето во два часот наутро се смета за три часот наутро. Кај многу современи уреди, вклучувајќи ги паметните телефони, таблетите, компјутерите…, прилагодувањето на времето се случува автоматски, така што нема потреба од ,,рачна интервенција”.
Содржината продолжува под рекламата
Летно и зимско сметање на времето првпат е воведено во 1916 година, во земјите на северот на Европа, зсради заштеда на енергија. Летното сметање на времето во поранешна Југославија, а со тоа и во Македонија, е воведено на 27 март 1983 година.
Можеби ќе ве интересира: