Масовни протести во Израел

protesti Izrael

Десетици илјади Израелци излегоа на улиците, блокирајќи голем автопат и палејќи пожари, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го разреши министерот за одбрана на земјата, кој се спротивстави на планот за реконструкција на судството.

Zito akcija 640x289px

Јоав Галант го повика Нетанјаху да го запре предлогот – што ќе и даде на владината коалиција последниот збор за сите судски назначувања.

Agria

Тој, исто така, се стреми да донесе закони кои ќе му дадат на парламентот овластување да ги поништи одлуките на Врховниот суд со основно мнозинство и да ја ограничи судската ревизија на законите.

Демонстрации се одржаа во Бершеба, Хаифа и Ерусалим, каде илјадници луѓе се собраа пред приватната резиденција на израелскиот премиер.

Израелската полиција употреби водени топови за да ја растера толпата.

Денеска пак и израелскиот претседател Исак Херцог ја повика владата да ја запре контроверзната судска реформа, еден ден откако премиерот Бенјамин Нетанјаху го разреши својот министер за одбрана затоа што се спротивстави на потегот кој предизвика масовни улични протести.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: