Велешката полиција информира дека вчера 56-годишен велешанец со иницијали Б.Ш. на ул.„Караорман“ прво истепал млада брачна двојка, а потоа и се нафрлил и на мајката на жената.
„На 26.03.2023 во 16.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од
слобода Б.Ш.(56) од Велес. Тој на ул.„Караорман“ во Велес физички го нападнал
М.М.(25) од Велес и неговата сопруга, а потоа и нејзината мајка“, велат од полицијата.
Од полицијата додаваат дека лицето е приведеново и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: