Експеримент или најава за еволуција: Судиите добиваат видео асистенција

kamera na utakmica live streaming
kamera na utakmica live streaming

Можеби веќе сме навикнати судиите на големите натпреварувања да бараат видео асистенција во нивната одлука, но за прв пат токму на дуелот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, судиите Благојче Тодоровски и Димитар Митревски ќе можат да се послужат со оваа алатка и на меч од националната македонска лига, пренесува 24ракомет.мк

Zito akcija 640x289px

Вардар и Еурофарм Пелистер во рамките на суперлигашкиот плеј-оф ќе го одиграат првиот натпревар оваа сезона, еден од двата клучни за титулата во македонскиот шампионат. Токму поради важноста на овој дуел, македонските арбитри ќе имаат можност со ВИДЕО АСИСТЕНЦИЈА пандан на фудбалскиот ВАР, да потврдат или донесат спротивна одлука во важните минути на паркетот во „Јане Сандански“.

Agria

Во ракометот ВИДЕО АСИСТЕНЦИЈА се применува на Европските и Светските првенства и Ф4 турнирите од Лигата на шампионите и Лига Европа, постои повеќе од седум години, но со новите измени од 2022 година има посериозна улога и удел во одлуките на судиите.

Македонскиот ВАР систем ќе биде приспособен на македонски услови, иако технички нема да биде на нивото на врвните натпреварувања, сепак со помош на контролната соба на МРТ, македонските судии ќе добијат олеснување за расчистување на спорните ситуации на овој натпревар кој ќе има голем удел во одредување на новиот македонски шампион.

Извор на веста: 24rakomet.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: