Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 % во однос на одлуката од 22.3.2023 година.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.
Содржината продолжува под рекламата
Новите цени на горивата о ноќеска на полноќ ќе бидат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар),Мазут М-1 НС 37,628 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: