Двајца возачи на товарни возила по случена сообраќајна незгода помеѓу возилата на регионалниот пат Градско – Прилеп, кратката вербална расправија прераснала во физичка пресметка.
Содржината продолжува под рекламата
„На 27.03.2023 година во 21.35 часот во ОВР Кавадарци, Х.Н (52) од Градско пријавил дека на регионалниот пат Градско – Прилеп, поточно во близина на бензинска пумпа, по случена сообраќајна незгода помеѓу две товарни возила, по кратка вербална расправија, бил физички нападнат од П.И (47) од Кавадарци“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Од велешката полиција соопштија дека се работи на расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: