Директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски истакна дека од донесувањето на првата Одлука која се однесува на ограничување на маржата од 5-10% заклучно со последната Одлука, извршени се над 1.800 надзори и издадени се над 20 прекршочни платни налози во вредност од над 2,5 милиони денари.
„Пaзарниот инспекторат постапува по сите одлуки на владата кои се однесуваат на цените на производите, а тоа значи дека и понатаму ќе работиме со полн капацитет и сите инспектори ќе бидат на терен на цела Република Северна Македонија.
Никој не е над законот, барем тоа ќе биде така се додека јас сум директор на пазарниот инспекторат. Нема да дозволам да има исклучоци и секој кој прекршил одлука, закон, законски пропис ќе биде санкциониран со соодветна казна, а казните се високи од 800 – 10.000 евра, во овој случај, во зависност од големината на субјектот“, кажа директорот Трајковски.
Можеби ќе ве интересира: