Одронот кој падна после место викано Ветерско и го парализираше сообраќајот на автопатот Скопје – Велес е отстранет, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Содржината продолжува под рекламата
„Сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес после тунелот Катланово, поточно месноста викана Ветерско, кој поради голем карпест одрон синоќа беше во прекин од 6.20 часот утрово е целосно нормализиран за сите категории на возила“, стои во соопштението на фејсбук страната на ЦУК.
Содржината продолжува под рекламата
Вчера големи карпи од одрон го прекинаа сообраќајот на автопатот Скопје-Велес кај Ветерско. Голем број на автомобили беа заглавени и не можеа да стигнат до своето одредиште.
Можеби ќе ве интересира: