Осми април – Светски Ден на Ромите

svetski den na romite
svetski den na romite

Во Европа живеат неколку милиони Роми: 9 велат статистиките на Светската банка, но има и извори кои зборуваат за дури 15 милиони. Ромите живеат на европска почва околу еден милениум, но веќе 500 години не во мир, бидејќи се прогонувани. Во последните децении имаше обиди да се оконча изолацијата на Ромите од општеството. Така од 4 до 8 април 1971 во Лондон за прв пат се собраа делегати на ромските заедници од целиот свет на првиот „Светски конгрес„. Од тогаш 8 април се слави во светот како Ден на Ромите.

Zito akcija 640x289px

На Ромите им е тешко, тоа го знаат сите. Ние, кои не сме Роми ги познаваме добро сите предрасуди кон Ромите. Предрасуди што се одгледувани со столетија. Предрасуди што доведоа до тоа уште пред 350 години припадници на овој народ да бидат прогонувани како диви животни, вклучувајќи и жени и деца. Прогонувани и убивани! Предрасуди кои за време на Втората светска војна доведоа до прогони и убивања во многу европски земји. И конечно, тие беа подлога за геноцидот врз Ромите во нацистичка Германија – 500.000 убиени Роми.

Agria

Уште одамна е дојдено времето активно да им ставиме крај на предрасудите и да направиме место во главите за сознанието дека е тешко да се биде Ром. Причината за тоа лежи кај нас, Не-Ромите. Ние мораме да им излеземе пресрет на Ромите. Можности и пригоди за тоа има секако доволно. На пример, така што нема повеќе да дозволиме да се градат ѕидови околу ромските населби, како до пред неколку години во чешкиот град Усти. Исто така со тоа што ќе им обезбедиме пристап кон пазарот на работна сила – во Источна Словачка невработеноста кај Ромите изнесува околу 100%. И конечно, така што на Ромите ќе им овозможиме рамноправно да учествуваат во сите аспекти на мнозинското општество: во Бугарија и Романија, кои во 2007 можеби ќе и припаѓаат на ЕУ, живеат речиси половината од вкупно 3 милиони Роми со приходи од помалку од две евра на ден.

И во Германија има што активно да се менува во тој поглед. Овде и ден денес има опожарувања на куќи и населби на Ромите. На тоа мора да му ставиме крај. А и споменикот за геноцидот врз Ромите во Берлин требаше да биде подигнат уште во 2001-та. Според последните информации градењето треба да почне дури кон крајот на годинава. Од друга страна погледнато и тоа е добро, ако се сетиме на фактот дека во Германија се до 1996 не беше официјално ни признат геноцидот врз Ромите. Тогашниот претседател на државата Роман Херцог беше првиот што се осврна на оваа тема.

Што може да сториме од практична гледна точка? Сигурно можеме да ги подобриме животните услови на Ромите, а тоа е заедничка задача на Ромите и Не-Ромите. Владите треба во секој случај да ги создадат условите за тоа, како на политички, така и на економски план. Во таа насока веќе има одделни чекори. Тука секако спаѓа фактот што Советот на Европа ја прифати организацијата „Форум на Европските Роми„ како официјален партнер. Но, тоа е само првиот чекор, конечна цел треба да биде признавањето на Ромите како нација во Европа и нивен прием, на пример, во Советот на Европа.

На ова поле мора да се спомнат и речиси истовремените чекори на осум влади од Источна и Југоисточна Европа, кои усвоија национални програми за поддршка на Ромите. На 2 февруари годинава во Софија тие дури прогласија „Деценија на интеграција на Ромите„ а за ваквата програма имаат и поддршка од Светската банка. Но, највисок приоритет на сите програми мора да биде подобувањето на образовното ниво на Ромите. Без соодветен пристап до образовните системи, тие ќе останат исклучени од главните текови на општествениот живот.

А нам, граѓаните во развиените општества ни останува како главна задача да ги закопаме старите предрасуди за Ромите. За тоа не ни е потребна добрата волја, ниту политичките одлуки на ниту една влада. Тоа може и треба да го стори секој од нас поединечно!

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: