понеделник, 1 јули, 2024
Реклама

Денес во целиот свет се празнува 1 мај

Меѓународниот ден на трудот е ден посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се одбележува 1 мај, во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго. Овој штрајк имаше една цел, водедување на 8 часовен работен ден. Но, полицијата употреби сила, а имаше и жртви. Подоцна организаторите на овој протест беа изнесени пред судот, а некои нив беа и погубени.

Zito akcija 640x289px

Во 1889 година во знак на жртвите од протестот, втората интернационала донесе декларација со која се носи одлука, сите работници во ширум светот се повикуваат на демонстрации, се со една единствена цел, подобри услови за работницте.

Agria

Но, денес поради епидемијата ширум светот овој протест на работниците нема да биде како секој 1 мај. За да се надоместат откажувањата, синдикатите ги повикуваат приврзаниците да ги украсат своите домови и балкони со транспаренти или да ги користат социјалните медиуми за поддршка на трудот. Според организаторите, особено е важно годинава да им се оддаде признание на луѓето што работат во здравството и во супермаркетите. Сепак, за денеска се очекува да има некои демонстрации во помал обем во Грција, Германија и Индонезија.

Денот на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. Во нашата земја од 2007 година за неработен е прогласен само 1 Мај, а до 2006 година беа неработни и 1 и 2 мај.

Честит празник – Денот на трудот