Почетокот на големите меѓународни натпреварувања започнаа од Македонија каде што овој викенд на кајак патеката во спортскиот рекретивен центар Матка на реката Треска со организација на прво коло од Европскиот куп во спуст на диви води во јуниорска и сениорска категорија.
Содржината продолжува под рекламата
Учествуваа околу педесетина натпреварувачи во машка и женска конкуреција во дисциплините К1, Ц1 и Ц2 од шест држави, Србија, Грција, Хрватска, Ирска, Босна и Херцеговина и Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Нашата држава беше преставувана од сениорската репрезентација составена од четири натпреварувачи, Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов сите членови на Кајак Кану Клуб Арка-Борец ВЕЛЕС . Покрај нив настапи и Атанас Николовски, кои сите заедно успеа да се пласираат во финалното возење.
Претходно следеа квалификациските возења во кои по првото возење првите пет натпреварувачи директно се пласираа во финале, додека останатите возеа второ возење и се бореа за првите 10 позиции кои воедно водеа во финалето каде настап имаат најдобрите 15 кајакари.
Најдобро пласиран македонски натпреварувач е Кристијан Лазаров кој во јуниорска категорија заврши како прво пласиран додека во истата категорија на четврто место се најде Благој Гугинов.
Во сениори како четврто пласиран заврши Александар Златаров,веднаш зад него на петто место се пласираше Љубомир Спасиќ на кои им недостасуваа 0.7 односно 0.82 за освојување на медал.
Следниот викенд репрезентативците ќе настапат на второ коло од Европскиот куп во Словенија
Можеби ќе ве интересира: