Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност, во североисточните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
До четврток времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. В петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.
Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи.
Можеби ќе ве интересира: