Во медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес вчера беше промовирана книгата „ Приказна за две деца“од Наташа Брезовска – Богоевска која излегува во соработка со Здружение на целебрална парализа и други попречености.
Содржината продолжува под рекламата
Пред публиката говореше Претседателката на Здружение на целебрална парализа и други попречености Далиборка Златева која истакна дека со помош на книгата „Приказна за две деца“ ќе се успее да се допре до најмладата популација, и дека токму тие се оние кои што треба да го градат понатаму животот и соживотот со лицата со попреченост, а на тој начин доближувајќи им ја книгата да направиме услови во кои што тие ќе се чуствуваат рамноправни со сите нас.
Содржината продолжува под рекламата
„Секогаш луѓето се поубави во пар, во двојка, во друштво.Прекрасното дело на авторот Наташа Брезовска Богоевска, веднаш ќе ве однесе во друг свет, кој некој од вас можеби го немате доживеано но сметам дека голем дел индирекно го имате доживеано. Секој треба да ја прочита оваа книга, треба да ги почуствува приказните на двете деца, и не се само две деца. Читајќи ги приказните за Биле и за Генче кој што лично ги познавам, па се до Сузе и Миа, ме стопли нивниот оптимизам, храброст, упорност и емпатија. Приказните за личностите со попреченост и ретки болести, нивните сестри, браќа, другари, семејства, се пример колку треба да се практикува инклузивниот пристап во нашата заедница“, изјави промоторот на книгата Ефтимија Карбева Лукарова.
„Идејата за ваква книга се роди уште во времето кога бев наставник и кога во мојата училница влезе ученичка со даунов синдром. Време кога инклузијата во образование беше на зародиш, а ние наставниците и учениците не бевме доволно подготвени. Па следуваше време на истражување, учење. Јас ја имав таа среќа, моите ученици да бидат прекрасни соработници, па заедно се пронајдовме. Тогаш решив дека нешто треба да се направи, па така следуваа расказите еден по еден. Токму и таа е целта на книгата, двете деца да се разберат, да се пронајдат. Дел од расказите се имагинација, еден дел се инспирирани од вистински настани, а еден дел се вистински настани“ изјави авторот на книгата Наташа Брезовска – Богоевска.
Модератор на настанот беше Лука панов, извадоци од книгата читаа Стефани Стојчева, Марија Бошевска и Стефанија Јакимовска, додека триото Богоевски со изведба на виолини го збогатија овој настан.
Можеби ќе ве интересира: