Директорот на Битолската болница, Александар Обединковски, веќе ја поднел оставката на функцијата, по смртта на новороденчето. Се очекува министерот за здравство да ја потврди. Во моментов, во битолската болница влегоа здравствените инспектори за да испитаат дали е направен пропуст при породувањето на 24 годишната битолчанка, која според лекарски извори пред два дена имала тешко породување.
Бебето било извлечено со вакуум, во лоша здравствена состојба, со бавни отчукувања на срцето, а обидите на лекарите за негова реанимација беа безуспешни. Телото е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. Според извори на Телма, родилката имала уредна бременост, а се јавила на преглед и ден претходно, но без породилни болки и била испратена дома.
Обединковски, нецела година по назначувањето се повлекува по двете големи трагедии што се случија во Клиничката болница во Битола за само 20 дена, смртта на 6 годишната Јана која почина на Детското одделение по примена инфузија и новороденчето кое почина вчера два часа по раѓањето.
Можеби ќе ве интересира: