Реклама

Трагедија: 8-годишно дете почина по напад од куче

kuce

Малолетник на осум годишна возраст од скопската населба Пинтија почина по напад на куче од расата англиски бул мастив. Несреќата се случила откако детето се приближило до дворот каде кучето било чувано од страна на приватен сопственик по што било нападнато.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

По нападот со тешки телесни повреди веднаш е префрлено во Градската општа болница каде им подлегнало на повредите. Според очевидци на местото на инцидентот доцна синоќа излезен бил јавен обвинител и екипи на МВР кои се обиделе да го заловат разбеснетиот миленик за кој сопственикот имал соодветна документација.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од градската општа болница „Наум Охридски“ од Скопје за Телма информираат дека детето кај нив е донесено во безживотна состојба, направени се обиди за негова реанимација, но биле безуспешни. Во моментот кога било примено не дишело и немало срцева акција.

Информацијата ја потврдуваат и од МВР. Во нивното соопштение се вели дека вчера во 18:25 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37726/denes-i-utre-vinichani-gradsko-zatvoren-za-soobrakaj-poradi-rabota-na-pat/