Одбојкарската федерација на Македонија ги изрече казните за актерите на немилиот настан од натпреварот од полуфиналето во македонското првенство меѓу Борец и Шкендија. ОФМ парично ги казни тренерот на Шклендија, Дурим Љума, со 30.000 денари за агресивно и неспортско однесување на членови на екипа, како и играчот Бен Талеб со 35.000 денари како иницијатор на немилите сцени по завршување на натпреварот, пренесува ekipa.mk.
Содржината продолжува под рекламата
За потсетување дуелот помеѓу Борец и Шкендија, кој заврши со победа на Борец со 3:2, заврши со инцидент откако одбојкарите на тетовскиот тим се пресметуваа со гледачите во салата „Гемиџии“ во Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Ова беше средба од полуфиналето во плеј-офот. Имало навреди, тепање, фрлање со столици, а на крајот дел од актерите на теренот и од гледачите завршиле во полициска станица каде што давале искази.
Притоа, со повреди се здобиле еден полициски службеник и еден играч на ОК Шкендија. Се работи на расчистување на слуачјот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“, стои во соопштението од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: