Владата преку субвенции ќе ги помага новите пет авионски линии на германската компанија Луфтханза која воведува една нова линија од скопскиот аеродром до Франкфурт што треба да почне да оперира од 23 април со десет лета во неделата.
Содржината продолжува под рекламата
Виз Ер од Унгарија во својата понуда ги додава летовите до Љубљана, Штудгард, Салцбург и Луксембург за овие дестинации компанијата ќе реализира три лета неделно од 1 ноември годинава. За мартовскиот повик сувенционирање во авиосообраќајот на Министерството за Транспорт и Врски се издвоени пет милиони евра за наредните три години или седум евра субвенција од патник.
Содржината продолжува под рекламата
Ова е втор повик годинава, откако првиот беше поништен од Комисијата за евалуација на понудите што ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан Ерлајнс“ констатираше дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација. Од статистиките што ги објави министерот Бочварски граѓаните најмногу патувале со авион во 2019 година. Тогаш се забележани 2 675 000 патници, по што трендот за користење на авиосообраќај опаѓа поради корона пандемијата и бил 782 000 во 2020 – та, за во 2022 бидат превезени 2,3 милиони патници преку двата меѓународни аеродроми во Македонија.
Можеби ќе ве интересира: