Со строг пост и жалост, православните верници денеска го одбележуваат Велики петок, денот кога бил распнат на крст Исус Христос, меѓу народот познат и како распети петок.
Се смета за најтежок ден во христијанството.
Во сите православни храмови се одржуваат свети спасоносни литургии, свештениците го читаа евангелието според Матеј кое ја опишува неделата на страдањата на Синот Божји.
На Велики петок не се работи ништо, нема веселби, а верниците денот го посветуваат на одење во црква и молитва. Се поклонуваа пред плаштеницата, оставаа по едно црвено јајце и поминуваа под маса.
Вечерва во сите православни храмови се одржуваат и опело за спасителот. Сите верници кои постеле ќе можат да земат причест на утрешните утрински литургии или пак по прогласувањето на Христовото Воскресение.
Можеби ќе ве интересира: