Реклама

Македонските кајакари представувани од Арка-Борец од Велес пред испишување на историски успех

На Велики Петок се одржа второ коло од Европски Куп во Осилница, Словенија на реката Колпа. Учество зеде македонската сениорска репрезентација чии членови доаѓаат од Кајак Кану Клуб Арка-Борец од Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Настапите во сениорска конкуренција беа забележани со пласман на 10 место на Златаров, Спасиќ на 11-то, Лазаров на 17-то и Гугинов на 19-то место. Лазаров и Гугинов како младинци покрај тоа што земаа учество со сениорите настапија и во својата конкуренција каде Лазаров се пласираше како шести, а Гугинов на осмо место во младинска категорија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во тимските возења нашиот сениорски тим предводен од Спасиќ и Златаров заедно со јуниорот Лазаров патеката ја завршија како четвртопласирани. На овој Европски Куп земаа 33 кајакари во сениорска, а 18 во младинска конкуренција како и девет тимски екипи.

Со завршување на второто коло од Европскиот Куп генералниот пласман кај јуниорите го предводат младите членовите на Кајак Кану Клуб Арка-Борец, на првата позиција е Кристијан Лазаров веднаш по него е Благој Гугинов, третото место го завзема Босанецот Аљоша Травар, додека кај сениорите повторно првите две позици ги држат Златаров и Спасиќ пред Емир Абдихоџиќ од Босна и Херцеговина.

Во следниот период им преостануваат уште три кола од Европскиот Куп во Швајцарија, Италија и Чешка, каде нашите репрезентативци имаат реални шанси да испишат нов историски успех со освојувањето на првите места во генарален пласман во сениорска и јуниорска категорија како што тоа беше во 2021 кога Златаров, Спасиќ и Небиовски завршија на првите три позиции во генералниот пласман на Европскиот куп.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37797/vide0-priveden-lekarot-od-tetovskata-bolnicza-koj-snimi-video-za-tiktok-i-gi-pokazha-paczientkite-od-ginekologija/