Игор Ангеловски не се задржа долго во Горица и доста брзо ја заврши својата авантура во Хрватска, а после неколку месеци пауза, поранешниот македонски селектор повторно добива ангажман.
Содржината продолжува под рекламата
Популарниот Мрме се одлучи за ново интернационално искуство и овојпат ќе работи во Казахстан, од каде утрово пристигна информација дека македонскиот стручњак ќе го води Каспиј.
Содржината продолжува под рекламата
Се работи за тим кој е последнопласиран на табелата во казахстанската Прва лига по шест одиграни кола, со биланс од пет порази и само една победа.
Ангеловски ќе има за задача да го подигне нивото и да ја подобри формата на тимот во периодот кој претстои, а од клубот му посакаа многу среќа во оваа нова епизода во кариерата.
„Македонскиот стручњак Игор Ангеловски е назначен за нов тренер на Каспиј. Игор Ангеловски е добар стручњак кој ја предводеше македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство. Му посакуваме успех на нашиот нов тренер“, – се вели во краткото соопштение.
Можеби ќе ве интересира: