Катица Јанева е библиотекарка во „Идризово“

katica Janeva
katica Janeva

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и годинава користела продолжен празничен викенд исто како и минатата година. Новиот директор на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски, за „Макфакс“ вели дека Јанева уредно се вратила во затворот и веќе ги извршува редовните затворски обврски.

Zito akcija 640x289px

„Не знам точно кога излезе, но постапи според она што ѝ беше дозволено и се врати во затворот. Од утрово веќе ги извршува тековните затворски обврски. Работи во библиотеката, библиотекарка е. Користи викенди и излези секогаш кога тоа го дозволува правилникот, работиме строго по него. Го добива она што ѝ следува во согласност со издржаниот дел од казната“, вели директорот Јовановски.

Agria

Затворската казна на Јанева ѝ истекува на 21.8.2026 година, но директорот Јовановски не ја исклучува можноста за помилување.

„Според она што го имаме како податок во моментот, дополнително проверував, таа треба да остане во затвор до 21.8.2026 година, тогаш ѝ истекува седумгодишната казна затвор. Но, тоа е само во овој момент оти Јанева има можност да биде помилувана, амнестирана. Не можам да зборувам за претходно, но откога јас сум директор, таа е примерен затвореник“, рече директорот Јовановски, кој на предлог на премиерот Димитар Ковачевски беше назначен за директор на 21 март годинава.

Некогашната шефица на специјалното јавно обвинителство првпат искористи излез за празничен викенд за велигденските празници лани. Беше забележана како пазарува во супермаркет, а Управата за санкции, на барање на медиумите, објасни дека Јанева стекнала право да користи викенди токму на Велигден, на 23 април, кога се празнуваше Велјасабота оти издржала една третина од казната.

Јанева беше притворена на 21.8.2019 година, а во јуни 2020 година беше осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Заедно со неа на девет години затвор беше осудени Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконско влијание и перење пари и Зоран Милески-Кичеец, кој за истото дело како и Јовановски призна вина и доби три години затвор.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: