Семејството на седмократниот светски првак на Формула 1 Михаел Шумахер, подготвува тужба против германскиот магазин кој го објави лажното интервју во кое наместо легендарниот возач, одговорала вештачка интелигенција.
Содржината продолжува под рекламата
Магазинот „Дие Актуел“ во последниот број објави на насловната страница фотографија од насмеан Шумахер со наслов „Михаел Шумахер, прво интервју“, а во текстот пишува дека тоа се цитати на вештачка интелигенција.
Содржината продолжува под рекламата
Семејството за „Ројтерс“ најави дека планира да го тужи магазинот. Шумахер на 29. декември 2013 година доживеа несреќа на скијање во Франција, и доби тешки повреди на главата. Во кома се разбуди неколку месеци потоа. Службени информации за неговата состојба нема, што ги лути неговите обожаватели.
Од време навреме некоја легенда на Формула 1 се јавува и кажува околу состојбата, но има многу контрадикторни информации.
Можеби ќе ве интересира: